СЕ ОЧЕКУВА ИНТЕРЕСНО ПОСЛЕДНО КОЛО

ПРВА ЛИГА: Бркотница за Европа и за местото во бараж

објавено: 20 мај 2018 - 13:00

Денеска се спушта завесата во регуларниот дел од Првата лига. После денешниот ден ќе биде познато кој ќе може да излезе во Европа (четвртиот ќе мора да чека Шкендија да го освои Купот), како и кој ќе игра во баражот за опстанок. 

Токму за тоа едно место во баражот конкурираат три места. Победа игра на домашен терен со Ренова, и е во најдобра позиција, со триумф да дојде до 8. позиција. Скопје ќе игра на гости со Работнички ќе мора да победи, и да се надева на „кикс“ на прилепчани. Пелистер, пак, гостува кај Шкендија, но битолскиот тим во моментов е во најлоша ситуација. Ако некој од Победа или Скопје победи, тогаш на Пелистер нема да му бид доволен ниту триумф среде Тетово. 

Во Тетово ќе се слави титула. Шкендија одамна го обезбеди првото место, и после мечот со Пелистер ќе има „фешта“. Тетовци ќе сакаат да ја завршат сезоната без ниту еден домашен пораз, но играат против тим кој што ќе има пред себе императив да триумфира, ако сака да остане и следната сезона прволигаш. 

На Чаир на крајот можеби ќе се слави Европа, ако Шкупи го совлада Вардар. Вардарци ќе настапат повторно со „измешан“ тим и тоа е голема шанса на Чаир да се избори место во Лигата на Европа. Но, и да го освојат четвртото место, чаирчани треба да навиваат Шкендија да го освои Купот во среда во финалето против Пелистер. 

Работнички против Скопје може да го „потврди“ третото место и пласманот во ЛЕ идното лето. Во Турново Академија Пандев без никаков резултатски императив ќе го дочека Силекс. Кратовци и натаму се во „игра“ за Европа, но тоа ќе се случи ако се случат „киксови“ на Работнички и на Шкупи, и триумф на Силекс. 

Сите пресметки како се опстанува, и како се излегува во Европа прочитајте на следниот ЛИНК.

36. КОЛО, ДВОЈКИ (НЕДЕЛА 16:15 Ч.)

Шкупи - Вардар

Шкендија - Пелистер

Победа - Ренова

Ак. Пандев - Силекс

Работнички - Скопје

ТАБЕЛА:

1. Шкендија 88

2. Вардар 56

3. Работнички 49

4. Шкупи 48

5. Силекс 47

6. Ак. Пандев 42

7. Ренова 41

8. Скопје 35

9. Победа 35

10. Пелистер 34

Најново во Фудбал