Чаирчани ремизираа против Черноморец

Прво, па голче за Вујчиќ - Шкупи одигра 1:1 со Черноморец

Шкупи одигра нерешено 1:1 во тест меч против украинскиот тим, Черноморец Одеса, а во првиот настап за новиот клуб стрелец беше Стефан Вујчиќ

објавено: 2 февруари 2018 - 11:49

Шкупи одигра нерешено 1:1 во тест меч против украинскиот тим, Черноморец Одеса, а во првиот настап за новиот клуб стрелец беше Стефан Вујчиќ.

Во 80. минута по одлична акција, германскиот интернационалец погоди со шут од далечина. Тој го одигра првиот меч за Шкупи на подготовките во Анталија, откако од Шкендија се пресели во редовите на клубот од Чаир.

За Шкупи играше и засилувањето од Екваторијална Гвинеа, Ндонг, а во првиот состав беше и Гомис, Сенегалец, кој е на проба во Шкупи.

Најново во Фудбал