„РОМАНТИЧАРИТЕ“ ДЕНЕСКА ГО ИМАА ПРВИОТ СОБИР

Работнички ги претстави новите играчи (фото)

Пред стартот на зимските подготовки на денешниот прв собир во Градски парк, ФК Работнички и официјално ги промовираше четворицата нови играчи за пролетниот дел од сезоната

објавено: 8 јануари 2019 - 14:07

 

Нови имиња, покрај Баже Илијоски кој повторно се враќа во својот дом и крилниот напаѓач Дејан Блажевски, се и бугарските интернационалци Николај Дилгеров и Емил Вијачки, како и бразилскиот офанзивец Жунињо Кабрал.

Дилгеров има 30 години и доаѓа од редовите на Царско Село, а е поранешен играч на ЦСКА Софија, Лудогорец, Локомотив Пловдив како и поранешен младински репрезентативец на Бугарија. Неговиот договор е на шест месеци со можност да биде продолжен на уште една година.

Вијачки има 28 години и е дефанзивец, а тој потпиша договор до јуни 2020 година и доаѓа од Локомотив Софија.

Блажевски стави потпис на едногодишен договор, а исто толкав договор потпиша и Бразилецот Жунињо Кабрал кој дојде од малтешкиот клуб Флоријана.

 

Најново во Фудбал