УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ МЕЃУ „РОМАНТИЧАРИТЕ“

Работнички го „пикира“ Барбоса

Прволигашот веќе е активен на фудбалскиот пазар со цел да го освежи составот пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2018/19.

објавено: 24 декември 2018 - 10:45

Можно е уште едно големо засилување меѓу „романтичарите", станува збор за полушпицот Асуерио Барбоса.

Претходно беше дел од бразилските екипите на Гојас, Араресиденсе, Тупи, Линенсе, Луверденсе, Итуано, немал ниту една официјална средба за Б тимот на Еспањол (Шпанија), а најдобро се истакна во редовите на Ал-Рифа од Бахреин со 37 натпревари и 18 голови.

Оваа година ги бранеше боите на Гремио Анаполис (11 мечеви, два погодоци). На видеото можете да погледнете со какви квалитети располага 25-годишниот фудбалер:

Најново во Фудбал