ЗАКАЖАН ЗАОСТАНАТИОТ МЕЧ ОД ПРВАТА ЛИГА

Работнички ќе му гостува на Младост Царев Двор на 4 ноември

објавено: 7 октомври 2015 - 16:10

Скопски Работнички ќе му гостува на прволигашкиот дебитант Младост Царев Двор во заистанатиот меч од Првата лига на 4 ноември на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид (13.30 часот), објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Дуелот на Работнички и Младост од четвртото коло беше одложен поради европскиот настап и гостувањето на дебармаалци во Казан кај рускиот Рубин во плејоф-колото во Лига Европа. Мечот со Младост беше предвиден за вонредното коло на крајот на август, но Работнички не можеше да го игра затоа што ден подоцна од предвиденото играше во Русија.

Работнички по осум меча има десет бода и е шестопласиран, додека Младост има два бода повеќе од „романтичарите“ и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Најново во Фудбал