За добар пат во Анталија

Работнички лесно го победи Борец

Работнички го совлада второлигашот Борец со 3:0 на првиот пријателски натпревар, што се одигра денеска во Велес

објавено: 21 јануари 2018 - 15:08

Работнички го совлада второлигашот Борец со 3:0 на првиот пријателски натпревар, што се одигра денеска во Велес. 

Новото засилување од Победа Прилеп, Николче Шаркоски го постигна првиот погодок на мечот, и прв за него во дресот на Работнички. Во листата на стрелците се запишаа и Бојан Миовски во првото полувреме иМарио Станковски, кој ја затрее мрежата на домаќините во вториот дел.

Работнички утре заминува на подготовки во Анталија, а шефот на стручниот штаб Горан Станковски ќе поведе 22 фудбалери.

Најново во Фудбал