НОРВЕЖАНЕЦОТ ПРОДОЛЖУВА ВО РУСИЈА

Работнички остана без еден од најдобрите: Анене го засили Амкар!

Фудбалерот на Работнички, Чума Анене ги напушти „романтичарите“ и својата кариера ќе ја продолжи во Русија каде ќе го носи дресот на Амкар Перм.

објавено: 30 август 2015 - 16:18

Анене се покажа во одлично светло во квалификациите за Лига Европа каде дебармаалци обезбедија пласман во плејофот и несреќно беа елиминирани од Рубин Казан, па така, трансферот на напаѓачот е очекуван. Од таборот на Работнички ја потврдија информацијата, а официјалната презентација на Анене во Амкар се очекува да се случи во текот на утрешниот ден.

Од македонските фудбалери претходно во Амкар Перм настапуваше Марко Симоновски кој беше главен адут на Металург во нашиот шампионат, но не успеа да се докаже во дресот на рускиот клуб. Екипата на Амкар се натпреварува во руската прва лига и по седум одиграни кола се наоѓа на деветото место со две победи, едно реми и четири пораза.

Најново во Фудбал