Будуќност го искористи домашниот терен

Работнички „падна“ во Подгорица

Евро-настапите на Работнички завршуваат по првото квалификациско коло во Лигата на Европа, откако „романтичарите" загубија со 1:0 на гостувањето кај Будуќност

објавено: 7 јули 2016 - 20:49

Црногорскиот тим беше мал фаворит за реваншот, откако првиот натпревар во Скопје заврши 1:1. Реваншот беше одлучен во првите 18 минути, кога Леон Најдовски направи фаул во шестнаесетникот за пенал, кој Радуновиќ го претвори во водство.

Работнички првпат испаѓа како носител во Лигата на Европа.


БУДУЌНОСТ - РАБОТНИЧКИ 1:0 (1:0)

Градски стадион во Подгорица. Гледачи: 4.500. Судија: Јорген Бурхарт. Помошници: Хајне Соренсен и Ларс Рикс. Четврти судија: Михаел Тикгард (Данска). Делегат: Падар Рајан (Р. Ирска). Стрелци: Радуновиќ 16' (пен.). Ж. Картони: Трајчевски (Работнички). Црвен картон: Најдовски (Работнички).

БУДУЌНОСТ: Драгојевиќ, Радуновиќ, Вукчевиќ, Вусуровиќ, Митровиќ, Раичковиќ (82' Марковиќ), Распоповиќ, Пејаковиќ (72' Сератлиќ), Хочко, Мирковиќ (77' Јанкетиќ), Џаловиќ.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (46' Томаш), Најдовски, Митрев, Цикарски, Најденов, Трајчевски, Дурански (75' Галиќ), С. Сахити, Херера (55' Елмас), Алтипармаковски.

Најново во Фудбал