ЖИВО ВО ГРАДСКИ ПАРК, СТАРТУВАА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ

Работнички тргна со Бопесу како најново име

Жоел Бопесу, како што најави „Спортмедиа" е петтото ново име кај „романтичарите".

објавено: 11 јуни 2018 - 14:12

Работнички утринава, верувале или не, во 7 часот ги стартуваше летните подготовки. Ѓоре Јовановски уште на стартот форсира турбо - ритам, очигледно искусниот стратег има големи планови.

На денешната прозивка и првиот тренинг беше присутен и Жоел Бопесу, левиот бек од Франција кој во минатата сезона играше за Скопје.

Тука беа и останатите нови имиња како Петковски, Пеев, Стевановиќ и Стевиќ. Отсуствуваа Кировски, Стјепановиќ и Трајчевски, клубот со нив допрва ќе разговара за продолжување на договорот. Го немаше и Серџио кој ќе прави трансфер во Шкупи а тука не беше и Кире Маркоски кој е пред трансфер.

Најново во Фудбал