Сефте за новиот тренер со градско дерби

Рамадан: Шкупи е квалитет за Европа

Не се откажуваме од битка за позициите што водат во европските купови, а тоа е и целта во согласност со амбициите на клубот. Шкупи има квалитет да биде меѓу екипите што ќе изборат виза за Европа, вели новиот тренер на Шкупи, Зекирија Рамадан

објавено: 16 март 2018 - 14:01

Не се откажуваме од битка за позициите што водат во европските купови, а тоа е и целта во согласност со амбициите на клубот. Шкупи има квалитет да биде меѓу екипите што ќе изборат виза за Европа, вели новиот тренер на Шкупи, Зекирија Рамадан.

Поранешниот играч на клубот, сега е во поинаква позиција и како тренер со совети од клупата ќе се обиде да приреди подвиг со играчите на клубот од Чаир и да стаса негатива од 7 бода и тоа со меч повеќе и да го прескокне Силекс. Кратовци засега се третопласирани со 22 одиграни натпревари и со 36 бодови и се фаворити за излез во Европа, но Шкупи, според зборовите на Рамадан нема да се откаже од битката.

„Клубот е сега финансиски стабилен, со одличен спонзор и играчи, па ќе се обидеме да фатиме приклучок. Мора да одиме чекор по чекор и сега да размислуваме само за натпреварот со Скопје“, додава Рамадан.

Мал куриозитет е што скопското дерби ќе се игра во Тетово, во недела од 14 часот.

Најново во Фудбал