Дербито во Втората лига за домаќините

Рампа за Новаци на Автокоманда, Скопје го доби дербито со 2:1

Фудбалскиот клуб Скопје го доби дербито на 16. коло во Втората македонска лига против Новаци со 2:1 и ја задржа втората позиција на табелата во битката за пласман во највисок ранг

објавено: 11 март 2017 - 16:02

Фудбалскиот клуб Скопје го доби дербито на 16. коло во Втората македонска лига против Новаци со 2:1 и ја задржа втората позиција на табелата во битката за пласман во највисок ранг.

Автокоманда остана бедем што тешко се освојува, а и Новаци се враќа со празни раце дома. Скопјани водеа на двапати и на крајот се радуваа на бодовите.

Лидерот Академија Пандев и понатаму гази сигурно на патот кон Првата лига, што одамна е успешно решена енигма. Денеска, струмичани славеа со 2:0 против Металург и убедливо го држат врвот со 43 бода. Скопје е на втората позиција со 30, Еуромилк има 26 и меч помалку, а НОваци и Металург со 25, односно 23 бода го затвараат кругот на кандидати за повисок ранг.

Во битката за опстанок Вардар Неготино и Тетекс одиграа без голови и ги задржаа шансите за спас.

Најново во Фудбал