Тетовци се незадоволни од арбитражата

Реакција од ФК Ренова: Судиите намерно судат на наша штета (Видео)

Фудбалскиот клуб Ренова со соопштение до медиумите, реагира на судењето на дуелот со Вардар, во последното 15. коло од домашното првенство. Тетовци му честитаат на Вардар на заслужениот триумф, но и реагираат на како што велат судиските неправди на мечот

објавено: 17 ноември 2017 - 14:47

Фудбалскиот клуб Ренова со соопштение до медиумите, реагира на судењето на дуелот со Вардар, во последното 15. коло од домашното првенство. Тетовци му честитаат на Вардар на заслужениот триумф, но и реагираат на како што велат судиските неправди на мечот.

Во прдолжение Ви го пренесуваме интегралното соопштение на ФК Ренова:

„Раководството на ФК "РЕНОВА АД" на синоќешната итна седница по анализата на последните натпревари на клубот донесе неколку заклучоци кои се преточени во оваа реакција :

- Се повторува истата односно веќе видена приказна кога се работи за односот на ФФМ (со Судиската комисија или одбор) кон нашиот клуб , односно клубот по многу кратка пауза повторно е цел на Судиската комисија на ФФМ, преку делегирање на судиски четворки или шестки ( како во последниот натпревар ) или контролори, кои што доаѓаат на нашите натпревари со јасна цел, а тоа е : или да го оштетат фудбалскиот клуб "РЕНОВА АД", или да им помогнат на противничките екипи (што е поврзано со првото). Или истите тие наши противници што е можно повеќе ги заштитат. Ова последното со заштитата на противничките екипи нам не ни пречи, меѓутоа таква заштита од судиите и другите службени лица бараме да има и за нас, но и за неколку други екипи (кои исто како ние така и тие перманентно се оштетуваат) кога и ние гостуваме на другите терени. Бараме исти аршини да има за сите клубови, а не двојни аршини. Некои клубови да се заштитат, а некои не. За некои клубови ФФМ да биде мајка, а за некои маќеа. Сите веќе знаат кои клубови се заштитени, а кои не само што никој не излегува вака како ние и тоа да го соопштат.
- Очигледно е дека ваквиот однос на ФФМ кон нашиот клуб се интензивира во периодот кога клубот почнува полека да излегува од резултатската криза. Со други зборови „таман клубот почнува да бележи малку подобри резултати и постепено да се качува кон повисоките места на првенствената табела , тогаш по правило некому што не му се баш по мерак тие позитивни резултати на ФК "РЕНОВА АД" (а такви има подоста во ФФМ).

Тоа им пречи па истите тие се трудат на секакви начини (најчесто преку судии и контролори) да ги кочат тие наши успеси.

- И тоа мора да признаеме досега прилично им успева. Еве сега пак клубот е оштетен, односно влегува во резултатска криза и за тоа голем удел имаат судиските грешки (за нас намерни).
- Се започна со натпреварот од 4 коло : ФК "АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ АД" – ФК "РЕНОВА АД", кога на домаќините им се поклонува непостоечки пенал, чија што успешна реализација директно влијае на конечниот резултат, односно тој постигнат гол на домаќините беше единствен и решавачки. Главниот судија (тетовчанец со скопска адреса на живеење ) на тој натпревар добива позитивна оценка. Тоа што главниот судија беше тетовчанец, како впрочем што се води и нашиот клуб во овој случај требаше да биде само алиби за ФФМ дека еве и ние си имаме некаква заштита. Демек судијата бил нашинец односно тетовчанец.
- Истиот тренд на судиски грешки (за нас намерни), но на штета на нашиот клуб продолжи и во понатамошните натпревари за да кулминација достигнат во натпреварот од 14 коло : ФК "ПЕЛИСТЕР АД" – ФК "РЕНОВА АД", кога на домаќините им се суди постоечки пенал (за играње со рака во 16-сетникот од страна на наш одбранбен фудбалер), но во истиот тој натпревар ист таков пенал (за иста причина) не се суди во наша корист. Пак до израз доаѓа тој двоен аршин.
- Се да заврши со последниот натпревар од 15 коло : ФК "РЕНОВА АД" – ФК "ВАРДАР АД", кога на гостите им се суди сомнителен пенал за реален фаул меѓутоа направен надвор од 16-сетникот. На истиот натпревар не се судат два пенали за наС. Првиот при очигледно играње со рака на противнички фудбалер внатре во 16-сетникот при шут кон голот од страна на нашиот фудбалер Гафури, а вториот при продорот на нашиот фудбалер Рамадани кога истиот е срушен внатре во 16-сетникот во непосредна близина на вториот дополнителен судија Темелков. Тука има неизедначен критериум на главниот судија при досудување на фаули и дискутабилни ситуации. Односно, по правило, сите дискутабилни ситуации (било да се работи за фаули или за аути) секогаш или во најголем број на случаи им припаѓаа на гостите.

- Со гореизнесеното не сакаме во никој случај да го омаловажиме успехот на ФК "ВАРДАР АД". Оваа реакција нема никаква врска со ФК "ВАРДАР АД". Тие сосема заслужено си победија и докажаа зошто играат во групната фаза од Лигата на Европа. На никого во досегашното првенство не му успеало на ФК "РЕНОВА АД" (како клуб со една од подобрите одбрани во лигата) да му даде 5 гола и тоа на домашен терен и ние таквите екипи ги цениме и ги почитуваме. Ако има некој што овој успех на ФК "ВАРДАР АД" го омаловажува тоа е сигурно судиската шесторка, кои со своите грешки го засенија одличното издание на гостинската екипа. За нас , натпреварот со ФК "ВАРДАР АД" само ја прели чашата од судиски грешки на наша штета во последно време.
- Ние и во понатамошниот тек на првенството нема да молчиме и сите неправди кон нас (особено оние тендециозни ) ќе ги изнесеме во јавноста“, стои во соопштението на фудбалскиот клуб Ренова.

Една од спорните ситуации за кои реагира Ренова е и досеудениот пенал за Вардар во 13. минута. Погледнете ја спорната ситуација.

Најново во Фудбал