ПО ЕДНА ГОДИНА ПРЕСТОЈ МЕЃУ „ГИПСАРИТЕ"

Ренова се „ослободи" од Фернандо Силва

Бразилецот кој претходно играше и во Пелистер, не е веќе член на тимот од Џепчиште. Затоа пак Ренова ги официјализираше трансферите на Мустафов, Адем и Мијовски. 

објавено: 4 јануари 2019 - 17:15

Фернандо Силва, офанзивниот играч за врска, не е веќе фудбалер на Ренова. Откако во текот на својот едногодишен престој меѓу „гипсарите" не ги задоволи вкусовите, имаше мала минутажа кај тренерите Јетон Беќири, Лирим Саити и Никола Илиевски-Џиџи, интернационалецот од Бразил мораше да го напушти тимот од Џепчиште. Инаку Силва во Ренова дојде минатиот јануари, и тоа од Пелистер, каде беше исто така една година.

Мустафов, Адем и Мијовски и официјално нови „гипсари"

Раководството на Ренова пак вчера и официјално ги потврди трансферите на Бурхан Мустафов (Победа), Ермедин Адем (последен клуб му беше Шкупи) и Бојан Миовски (Македонија ЃП). Од нив се очекува да го зголемат квалитетот на Ренова, тим кој што во пролетниот дел од сезоната предводен од стратегот Никола Илиевски – Џиџи, посакува без проблем да го избори опстанокот во Првата Лига на Македонија.

Најново во Фудбал