Домашно коло со два дерби дуели

Ревијално дерби на шампионите во Скопје - Најтрофејниот Вардар против новиот првак Шкендија

Вардар и Шкендија по подолг период ќе играат дерби меч во домашното првенство без императив за бодови, бидејќи трката за титулата е веќе решена. Стариот првак и најтрофеен клуб кај нас, Вардар ќе игра само за престиж против новиот шампион Шкендија. Дерби за опстанок ќе се игра во Битола меѓу Пелистер и Победа

објавено: 18 април 2018 - 12:31

Вардар и Шкендија по подолг период ќе играат дерби меч во домашното првенство без императив за бодови, бидејќи трката за титулата е веќе решена. Стариот првак и најтрофеен клуб кај нас, Вардар ќе игра само за престиж против новиот шампион Шкендија. Дерби за опстанок ќе се игра во Битола меѓу Пелистер и Победа.

Тој меч е од големо значење, а бодовите во пелагониската пресметка можат да и донесат опстанок на победничката екипа. Во Битола ќе се игра од 16 часот, а премиерата на 28. коло е на националната арена „Филип Втори“ во Скопје од 15 часот. Шкендија доаѓа на гости кај Вардар со 20 бодови предност, но и со многу постабилна ситуација. Се уште актуелниот шампион го смени тренерот Чедомир Јаневски, тимот бележи скромни резултати, а Бобан Бабунски ќе се обиде во финишот на сезоната да ја стабилизира ситуацијата кај второпласираниот состав во нашето првенство.

Од 16 часот во Кичево, Скопје ќе се обиде да го исненади Силекс и да побегне од последното место на табелата. Кратовци се во сосема поинакво расположение и победа ќе ги зацврсти на третата позиција на патото кон европски настап.

Во Струмица, Академија Пандев ќе му биде домаќин на Шкупи, а Ренова го пречекува Работнички во Тетово.

Најново во Фудбал