Егзодусот продолжува

Ристе Маркоски си замина од Пелистер, следна дестинација е Силекс?

И ветеранот Ристе Маркоски си оди од Пелистер, по големата финансиска криза што го зафати клубот, а следна дестинација на 31-годишниот играч за врска веројатно ќе биде Силекс

објавено: 13 декември 2017 - 12:50

И ветеранот Ристе Маркоски си оди од Пелистер, по големата финансиска криза што го зафати клубот, а следна дестинација на 31-годишниот играч за врска веројатно ќе биде Силекс.

Пелистер веќе го напушти цел тим од познати прволигашки имиња, а од Битола се простува и охриѓанецот Маркоски.

Понуди за одличниот играч за врска има и од Ренова, а за него заинтересирани се и неколку второлигашки, пред се Беласица, Струга Трим Лум, Влазрими и Лабуништа.

Најново во Фудбал