ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ШТИПЈАНИ

Ристе Наумов се врати во Брегалница по 18 месеци

Голгетерот Ристе Наумов во следните шест месеци ќе биде дел од Брегалница, откако денеска се договори со раководството на штипскиот прволигаш.

објавено: 27 јануари 2016 - 20:20

Искусниот напаѓач се враќа во домашниот шампионат во екипата на Брегалница по пауза од 18 месеци. Тој претходно настапуваше за Ајејавади јунајтед и Мјанмар, а една година играше и на Малдивите во тимот на Мазија. Последен пат во домашниот шампионат настапуваше во сезоната 2013/2014, кога за Брегалница на 24 натпревари постигна девет погодоци во првенството.

Наумов е шестото и воедно последното зимско засилување за Брегалница по Стојанче Велинов, Иван Митров, Ѓорѓи Танушев и голманите Душан Павлов и Давор Талески. Штипјани денеска одиграа контролен натпревар против Хоризонт Турново, кој заврши без голови.

Најново во Фудбал