Работнички потпиша договор за соработка

„Романтичарите“ ќе паркираат на ПОЦ

објавено: 11 август 2017 - 12:42

Фудбалскиот клуб Работнички потпиша договор за соработка со ЈП Паркинзи на Општина Центар, кој го официјализираше спортскиот директор Иван Поповски, а на прес-конференцијата беше присутен и капитенот Душко Трајчевски.

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ, и директорите на спортските клубови КК Работнички, ФК Работнички и РК Работнички, врз основа на одлуката за најновата повластена паркинг карта за тренери во спортски клубови и спортисти – ПКТС, денеска потпишаа Договор за деловна соработка, кој ќе им овозможи на тренерите и спортистите од овие клубови олеснето паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ.

Имено, правото на издавање и користење на оваа паркинг карта го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спортски клуб чие седиште е регистрирано во Општина Центар.

 

Најново во Фудбал