ПО КУСИОТ ПРЕСТОЈ ВО ЕВРОПА

„Романтичарите“ на мини одмор до понеделник

Во вторник стратегот Ѓоре Јовановски ќе означи старт на подготовките за новата 2018/2019 сезона во Првата лига.

објавено: 21 јули 2018 - 22:15

По кусиот престој во Европа, односно по елиминацијата од Хонвед во квалификациите во Лига Европа уште во првото коло, фудбалерите на Работнички добија седумдневен мини одмор. Тој ќе трае до понеделник, за да во вторник стартуваат подготовките за новата сезона 2018/2019 во Првата лига, која започнува за две недели.

Ќе има и засилувања...

Што се однесува до преодниот рок, дознаваме дека раководството на клубот има намера повторно да се активира. Се размислува да се донесат три нови квалитетни имиња, по едно во секоја линија во тимот. Инаку напаѓачот Гофри и дефинитивно се враќа во Скендербег, на негово место беше донесе Игор Недељковиќ.

Најново во Фудбал