ДЕНЕСКА СЕ ИГРААТ МЕЧЕВИТЕ ОД 16. КОЛО ВО ПМФЛ

„Романтичарите" подготвуваат одмазда

Работнички на Арената ја дочекува Македонија ЃП, „лавовите" оваа есен во Ѓорче во два наврати славеа победа, и тоа без примен гол. Вардар има тешко гостување во Кратово, на Чаир пак Шкупи ќе оди по три бода против Беласица, „пандевци" гостуваат под Шара.

објавено: 25 ноември 2018 - 11:00

Дуелот Работнички - Македонија ЃП треба да биде еден од најинтересните и најнеизвесни во 16. коло, кое се игра денеска со почеток во 13 часот. Есенва „лавовите" двапати славеа во Ѓорче, токму затоа „романтичарите" имаат големи мотиви за одмазда. Пех за тимот на стратегот Жикица Тасевски е повредата на капитенот Остоја Стјепановиќ.

ВАРДАР ЌЕ СЕ „ВАДИ" ВО КРАТОВО

Но дали ќе се извади останува да се види ако се знае дека за Силекс тие три бода се од големо значење. Во случај кратовци да не победат, или пак да не освојат барем бод, тогаш нивната ситуација на табелата уште повеќе ќе биде влошена. Шкупи на Чаир се разбира дека посакува триумф и ништо друго. Тимот на Умит Каран во последно време игра добро, но никако не успева да фати приклучок со оние екипи кои во средината на табелата или при врвот. Во Тетово домашната Ренова ќе ја нагости Академија Пандев која оваа есен покажа дека е домашна екипа. „Пандевци" посакуваат конечно и од гости да извлечат некој бод. Шкендија пак гостува во Турново кај својот „крвник" Победа, која оваа есен во два наврати го победи шампионот.

ДВОЈКИ ЗА 16. КОЛО - ДЕНЕСКА 13:00 Ч
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА ЃП
ТУРНОВО: ПОБЕДА - ШКЕНДИЈА
КРАТОВО: СИЛЕКС - ВАРДАР
ТЕТОВО: РЕНОВА - А.ПАНДЕВ
СКОПЈЕ: ШКУПИ - БЕЛАСИЦА

Најново во Фудбал