РАБОТНИЧКИ ДЕНЕСКА ВО БУДИМПЕШТА ЌЕ БРАНИ МИНИМАЛЕЦ

Сакаме,знаеме, можеме...

„Не, лошо ќе биде ако се браниме. Мораме по секоја цена да ја затресеме барем еднаш домашната мрежа" - вели Петар Петковски, стрелецот на првиот гол за „романтичарите" на првата средба. Оваа втората, вечерва, почнува од 18.часот.

објавено: 17 јули 2018 - 11:30

Во Работнички се она што се работеше во изминатата сезона, посебно во пролетниот дел, се сведува се чини на денешните 90. минути, или реванш меч од 1. квалификациско коло во ЛЕ. Денеска во Будимпешта тимот од Градски парк го игра реваншот и тој меч го започнува со предност од 2:1. Секако дека предноста не е голема, но е предност. А кога играат две екипи со приближен квалитет тогаш тоа може да биде пресудно.

Петар Петковски, брзоногиот напаѓач беше меѓу најдобрите во составот на Работнички на првиот меч во Скопје. Тој и беше стрелец на првиот гол за водство од 1:0.
Тоа ќе бидат тешки 90. минути

Токму тој за „Спорт" вели дека Работнички може да оди натаму.

„Па знаеме, можеме и секако сакаме да го елиминираме Хонвед и да се пласираме во следната рунда во квалификациите во Лигата на Европа. Јасно е дека тоа ќе бидат тешки 90. минути, може да има и продолженија и пенали, но јас посакувам целата работа да ја завршиме во регуларниот дел од средбата. Ние треба да сфатиме дека овој меч многу носи за нас, за клубот. Но исто така не треба да мислиме дека со одбрана и бункер систем ќе ја одржиме таа предност. Не, лошо ќе биде ако само се браниме. Мораме по секоја цена барем еднаш да ја затресеме домашната мрежа. Сметам дека контрите ќе бидат нашата голема шанса" вели Петковски.

Најново во Фудбал