Голема прашина се крева за трансферот на репрезентативецот

Се вжешти атмосферата, има и закани за Бесир Демири

Бесир Демири денеска и официјално потпиша тригодишен договор со Вардар, а сензационалниот трансфер од Шкендија во редовите на лутиот ривал очекувано ја вжешти атмосферата, особено на социјалните мрежи

објавено: 24 декември 2016 - 17:17

Бесир Демири денеска и официјално потпиша тригодишен договор со Вардар, а сензационалниот трансфер од Шкендија во редовите на лутиот ривал очекувано ја вжешти атмосферата, особено на социјалните мрежи.

Особено бурно реагираа навивачите на Шкендија, кои не можат да се помират со заминувањето на одличниот младински репрезентативец на Македонија.

„Предавник“, „Ова нема да ти го заборавиме“, „Со кој ум потпиша за Вардар“ и редица други забелешки, па дури и навреди се редат на социјалните мрежи на сметка на Демири.

Но, навивачите на Шкендија веројатно прашањата за заминувањето на младинскиот репрезентативец да ги постават на вистинската адреса, на таа на клубот од Тетово. Шкендија постапи неџентлментски кон Демири, дури и го суспендираше заедно со вториот младински репрезентативец Егзон Бејтулаи, па двајцата не играа повеќе од еден месец за Шкендија, пред клучниот меч на младите против Шкотска.

Најново во Фудбал