Во второто коло прв меч за струмичани и кавадарчани

Сефте за Беласица и Тиквеш во Втората лига

Беласица и Тиквеш ќе го играат премиерните натпревари во Втората лига, денеска од 16 часот, откако во првото коло нивниот меѓусебен дуел беше одложен. Тиквеш во Кавадарци го чека на мегдан Осогово, а Беласица ќе и гостува на Плачковица во Радовиш

објавено: 9 септември 2017 - 15:20

Беласица и Тиквеш ќе го играат премиерните натпревари во Втората лига, денеска од 16 часот, откако во првото коло нивниот меѓусебен дуел беше одложен. Тиквеш во Кавадарци го чека на мегдан Осогово, а Беласица ќе и гостува на Плачковица во Радовиш.

Интересно на Истокот ќе биде и во Македонска Каменица каде Саса ќе му биде домаќин на Борец Велес.

Во Западниот дел од Втората лига внимание привлекуваат мечевите меѓу Гостивар и Новаци, потоа и Еуромилк со Струга Трим Лум и Лабуништа со Тетекс.

Двојки, второ коло, 16 часот:

Исток

Тиквеш – Осогово

Каменица Саса – Борец

Кожуф – Хоризонт Т.

Брегалница – Победа Валандово

Плачковица – Беласица

Запад

Зајази – Македонија ЃП

Лабуништа – Тетекс

Еуромилк ГЛ – Струга Трим Лум

Гостивар – Новаци

Локомотива – Велазерими

Најново во Фудбал