ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМОТО ДЕРБИ

Сега Вардар има комплекс од Шкендија!

На последните шест официјални меѓусебни средби шампионот има три победи и три ремија. Вардар последен пат славел на 14.10.2017 година, и тоа дома.

објавено: 12 февруари 2019 - 09:03

Остануваат уште пет дена до големото дерби на мак - фудбалот, уште пет дена до големата, мега - пресметката меѓу Шкендија и Вардар. Има ли поубава најава за стартот на пролетниот дел од дуелот меѓу тетовските и скопските „црвено - црни". Сите едвај чекаме да дојде недела и 14 часот, кога на стадионот под Шара ќе започне 55 меѓусебна пресметка, ако се земат в предвид официјалните натпревари.

Бројките велат дека Вардар има нешто подобар биланс, 23 победи, 20 порази и само 11 нерешени мечеви. Гол разликата од 73:61 е во корист на Вардар. Но треба да се знае и следниот податок, а тој е дека Шкендија на последните шест меѓусебни средби нема пораз, има три победи и три ремија со гол разлика 13:6. Вардар последен пат славел на 14.10.2017 и тоа дома кога беше 4:2. Дали овие бројки покажуваат дека сега Вардар има комплекс од Шкендија? Ако до пред две години тетовци беа тие кои си имаа проблем со вардарци, сега работата се менува.

Но, кога е дерби, кога играат Шкендија и Вардар, шампионот и вице - шампионот, кога на едната страна ги имаш Агим, Алими, Емини и др. а на другата Фелипе, Брдаровски, Гачевски и др. тогаш секако дека се е можно.

 

Најново во Фудбал