Африкански шмек ќе има на Чаир

Сенегал на „Чаир“ и парира на Екваторијална Гвинеа - Гомис ќе игра за Шкупи

Напаѓачот од Сенегал, Оноре Гомис ќе игра за Шкупи, откако ги задоволи вкусовите на челниците на чаирчани и на стручниот штаб на тимот предводен од тренерот Ардијан Нухиу

објавено: 9 февруари 2018 - 15:20

Напаѓачот од Сенегал, Оноре Гомис ќе игра за Шкупи, откако ги задоволи вкусовите на челниците на чаирчани и на стручниот штаб на тимот предводен од тренерот Ардијан Нухиу.

На Чаир ќе има африкански шмек во пролетниот дел од првенството, бидејќи пред Гомис пристигнаа и двајцата репрезентативци на Екваторијална Гвинеа. 

Басилио Ндонг и Маријано Онде, кои имаат по 19 години веќе потпишаа договори со Шкупи, како зимски засилувања, а само формалност е и потписот на Гомис од Сенегал.

Оноре има 22 години и одигра три меча за Сенегал во младинските категории, а беше во Анталија во завршницата на подготовките на Шкупи. Одигра по 45 минути против Челик и со Черноморец и покажа дека е кадарен да игра за македонскиот прволигаш.

Најново во Фудбал