Има време и за слободни денови во Вардар

Шампионите почнаа со одморите, први заминаа Барсегјан и Балотели

Вардар оддамна ја завери десеттата македонска титула и вкупн о 11. во клупската историја, па играчите почнаа да заминуваат на одмор. Секако предност имаат странците, а први заминаа Балотели и Барсегјан, па за нив сезоната е завршена

објавено: 22 мај 2017 - 15:30

Вардар оддамна ја завери десеттата македонска титула и вкупн о 11. во клупската историја, па играчите почнаа да заминуваат на одмор. Секако предност имаат странците, а први заминаа Балотели и Барсегјан, па за нив сезоната е завршена.

Двајцата стрелци на головите за Вардар против Ренова, во последното 34. коло, добија „зелено светло“ да заминат на кус одмор, па нема да играат против Пелистер и со Силекс.

Балотели замина за Бразил, а Барсегјан во Ерменија, но тие имаат обврска да се вратат во Скопје по завршувањето на првенството, односно на почетокот на јуни.

Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а речиси сигурно и Балотели и Барсегјан ќе бидат дел од шампионскиот состав, кој ќе се обиде конечно да стаса до групната фаза во ЛШ. 

Најново во Фудбал