ПОРАДИ АКУМУЛИРАНИ ЖОЛТИ КАРТОНИ

Шампионот без Жуниор против „лавовите"

Бразилецот има пет жолти картони и ќе мора да го прескокне мечот со Македонија ЃП

објавено: 26 октомври 2018 - 14:25

По триумфот над Вардар во супер-дербито, Шкендија во недела на свој терен ја дочекува екипата на Македонија ЃП. Тоа ќе биде можност за шампионот со триумф и три нови бода да „влезе" во една нова победничка серија. Сите се свесни во редовите на Шкендија дека овој натпревар мора да се добие, во спротивно ќе бидат бадијала тие три бода од неделата на мечот со Вардар.

Стратегот на тетовци Ќатип Османи нема некои поголеми проблеми во врска со играчкиот кадар. Тој освен на Стенио Жуниор, кој има акумулирано жолти картони и овој меч ќе го прескокне, ќе може да смета на сите свои сили. Секако дека Османи знае дека Шкендија во овој меч не смее да влезе со потценување.

Најново во Фудбал