ШКЕНДИЈА ГО ИЗГОТВИ ПЛАНОТ НА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ

Шампионот од 20 јуни до 2 јули во Рогашка Слатина

Момците на стратегот Ќатип Османи во Словенија ќе одиграат најмалку три пријателски мечеви.

објавено: 29 мај 2018 - 16:15

Шкендија во целост го изготви планот за летните подготовки. Па така по третпат во својата историја, тетовските „црвено - црни" дел од летните подготовки ќе одработат во Рогашка Слатина, едно од најпознатите спортско - туристички центри во Словенија.

Експедицијата на шампионот таму ќе престојува од 20 јуни до 2 јули, во текот на овие двонеделни подготовки момците на стратегот Османи ќе одиграат и три пријателски средби со силни спаринг партнери.

Најново во Фудбал