Првакот подобар од освојувачот на купот

Шампионски марш на Вардар, Николов и Петковски набрзина ја смирија Битола

Вардар води со 2:0 на вечното дерби во Битола против Пелистер, а шампионот ги има златните младинци Бобан Николов и Петар Петковски, стрелците на двата погодоци во првото полувреме за сигурна предност на првакот во дуелот со освојувачот на купот

објавено: 28 мај 2017 - 17:26

Вардар води со 2:0 на вечното дерби во Битола против Пелистер, а шампионот ги има златните младинци Бобан Николов и Петар Петковски, стрелците на двата погодоци во првото полувреме за сигурна предност на првакот во дуелот со освојувачот на купот.

За само 180 секунди вардарци постигнаа два гола, во режија на Николов и на Петковски, па се наоѓаат во комотна позиција за нов триумф во Битола. Мечот е ревијален, бидејќи двете екипи имаат одлична сезона на домашната сцена и веќе се закитија со по еден трофеј. Вардар е сигурно шампион и ќе игра квалификации за ЛШ, а Пелистер по долга пауза од 16 години го освои пехарот во националниот куп и ќе не претставува во квалификациите за пласман во Европа Лигата.

Најново во Фудбал