Битолчани ќе бараат нов тренер

Шенсои се раздели со Пелистер

Наџи Шенсои не е повеќе тренер на Пелистер, а разделбата е со договор меѓу двете страни.Шефот на стручниот штаб што му ја донесе куп-титулата на Пелистер по 16 години пауза си заминува од Битола

објавено: 8 јули 2017 - 18:30

Наџи Шенсои не е повеќе тренер на Пелистер, а разделбата е со договор меѓу двете страни.Шефот на стручниот штаб што му ја донесе куп-титулата на Пелистер по 16 години пауза си заминува од Битола.

Шенсои беше прв човек во стручниот штаб на „зелените“ нешто помалку од една година, а успеа да го доведе клубот до една титула, таа во националниот куп. Но, лошиот резултат против Лех, кој во два меча го декласира Пелистер со вкупни 7:0 веројатно си го стори своето.

До понеделник битолчани ќе именуваат нов шеф на стручниот штаб на местото на Шенсои. 

Најново во Фудбал