Фокусот е во Охрид и во Скопје, а имаат заедничка нишка

Шестката е белег на дерби мечевите во Првата лига

Двата дерби натпревари во 22. коло од македонската Прва лига, имаат интересна заедничка нишка и ги врзува шестката како бројка

објавено: 12 март 2017 - 12:14

Двата дерби натпревари во 22. коло од македонската Прва лига, имаат интересна заедничка нишка и ги врзува шестката како бројка.

Во Охрид е фокусот, на мечот меѓу Пелистер и Работнички во битката за третата позиција, а во одредени варијатни и во атак на второто место, на кое е Шкендија.

Иако е дерби, тоа ќе биде дуел на старите познаници и пријатели, бидејќи во Пелистер сега играат шестмина играчи што го носеле дресот на Работнички. Баже Илијоски, Раденко Бојовиќ, Боби Божиновски, Гоце Тодоровски, Филип Мишевски и Мартин Блажевски во минатото играа и со „црвено-белиот“ дрес на клубот од Дебар Маало.

„Морам да признаам дека Работнички е мојот клуб, но сега сум член на Пелистер. Ќе дадам се од себе да постигнам гол, но нема да се радувам од почит кон мојот поранешен клуб. Не чека тежок меч, против квалитетен противник“, вели Баже Илијоски. Тој е втор стрелец на вечната листа во македонските шампионати со 122 погодоци, 4 помалку од Зоран Чоко Бошковски.

Во знакот на шестката ќе биде и дуелот меѓу Вардар и Брегалница во Скопје, од 14 часот денеска. И тука шестмина играчи на едниот тим, играле за ривалот во минатото. Ристе Наумов, Александар Темелков, Мирослав Јовановски, Дарко Стојанов, Матија Кобетиќ и Борјан Ристовски го носеле дресот на Вардар, а сега ќе бидат адути за подвиг на штипјани на „Телеком арена“.

Двојки, 22. коло, 14. часот: Пелистер - Работнички, Вардар - Брегалница, Шкендија - Победа, Шкупи - Ренова, Силекс - Македонија Ѓ.П. 

Најново во Фудбал