15. КОЛО ВО ПМФЛ

Шкендија „брка“ шест од шест...

Шампионот ужива кога игра против Силекс. Ќе биде жешко во Ѓорче каде играат Македонија ЃП и Шкупи, во Турново „пандевци" ја дочекуваат Победа а во Струмица домашната Беласица пак Ренова. 

објавено: 22 ноември 2018 - 10:38

Дербито на денешното 15. коло се игра во Маџари, но секако дека интересно ќе биде во Тетово, каде се очекува нова и сигурна победа на Шкендија над Силекс. Се разбира ако се потпреме на традицијата која вели дека тетовци на последните 26 мечеви имаат само еден пораз и едно реми со кратовци.
Шкендија бара и продолжување на победничката низа, посакува шеста победа во шестиот натпревар во Првата лига есенва.

ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО ВО ЃОРЧЕ

Иако дојде зимата, секако дека ќе биде жешко во Ѓорче. Таму се игра втората скопска пресметка, и тоа меѓу Македонија ЃП и Шкупи. „Пандевци" на домашен терен во Турново се во очекување на три бода против Победа а во Струмица пак се среќаваат Беласица и Ренова.

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО - ДЕНЕСКА 13 Ч
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА - СИЛЕКС
МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКУПИ
А.ПАНДЕВ - ПОБЕДА

Најново во Фудбал