БЕЗ ТРОЈЦА ИГРАЧИ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД СЕЗОНАТА

Шкендија ги потврди заминувањата на тројца фудбалери

Шкендија во продолжение на сезоната нема да смета на услугите на играчот од средниот ред Штефан Вујчиќ, дефанзивецот Иван Челиковиќ и голманот Илир Адили.

објавено: 30 декември 2017 - 21:50

Она што беше најавено, Шкендија во текот на денешниот ден го потврди. Тетовските „црвено-црни“ во продолжение на сезоната нема да сметаат на услугите на тројца фудбалери. Станува збор за играчот од средниот ред Штефан Вујчиќ, дефанзивецот Иван Челиковиќ и голманот Илир Адили.

Челиковиќ и Адили не добија голема минутажа кај тренерот Ќатип Османи исто како и Вујчиќ, кој поради повреда долго време беше надвор од терените. 

Најново во Фудбал