Сега имаат 11 бодови предност

Шкендија ги прегрме сите маки и утки од пенал - Хасани е спас за лидерот

Шкендија ги прегрме сите маки и два промашени пенали и со голот на Ферхан Хасани ја победи Академија Пандев со 1:0 за доближување до титулата

објавено: 25 февруари 2018 - 16:10

Шкендија ги прегрме сите маки и два промашени пенали и со голот на Ферхан Хасани ја победи Академија Пандев со 1:0 за доближување до титулата.

Тетовци сега се лидери со 11 бодови предност пред Вардар, но имаа многу проблеми. Прво пречка за нив беше снегот што паѓаше во Тетово, па теренот комплетно беше со снежна покривка, а потоа и самите си направија неочекувани проблеми.

Хасани промаши пенал во 14. минута, во 21. беше исклучен Фазлагиќ, а и Бесарт Ибраими не успеа од белата точка да погоди, откако Вујанац му одбрани удар од 11 метри во вториот дел.

Сепак тетовци најдоа рецепт како да ја затресат мрежата на струмичани во 79. минута. Претходно на стартот од второто полувреме беше исклучен и Чешмеџиев кај Академија Пандев, а Хасани беше стрелец на гол за три бода.

Најново во Фудбал