НАЈАВАТА НА „СПОРТМЕДИА“ СЕ ОСТВАРИ

Шкендија го претстави Омар Имери

*„Горд сум што сум дел од Шкендија, ќе се обидам да ја оправдам довербата на клубот кој што минатата сезона доминираше освојувајќи две титули" истакна Омар Имери кој ги скрши чаирските срца и пребега во Тетово. 

објавено: 23 јуни 2018 - 08:00

И официјално Омар Имери, еден од најголемите таленти во Македонија е нов член на Шкендија. Со тоа се оствари ексклузивната вест на „Спортмедиа".

Откако не успеа да се договори со Шкупи, тој пребега во Шкендија и ги скрши чаирските срца, токму затоа Шкупи издаде официјално соопштение. Но тоа е минато, Омари Имери ја најде иднината во Шкендија. Првакот доцна синоќа го претстави како најново засилување.

"Среќен сум што потпишав за Шкендија, исто така сум горд што сум дел од клубот кој минатата сезона доминираше и освои две титули. Ќе се трудам да ја оправдам довербата на сите во Шкендија" изјави покрај другото на промоцијата офанзивецот на македонскиот првак.

Најново во Фудбал