ГЕРМАНСКИ „РЕЦЕПТ“ ЗА УСПЕХ ВО ТЕТОВО

Шкендија го промовираше Томас Брдариќ

Тетовскиот прволигаш го претстави Томас Брдариќ, нивниот нов тренер, кој потпиша договор на 18 месеци

објавено: 7 јануари 2017 - 12:47
Германскиот тренер во следните денови ќе треба да го комплетира својот стручен тим, пред првата прозивка на тимот која ќе се случи утре во 11 часот.
„Ова за мене е голем предизвик. Ќе дадам се од себе заедно со моите соработници и се разбира играчите, да ја оправдам довербата на раководството на Шкендија, на „Еколог“ и семејството Дестани. Со добри подготовки сметам дека Шкендија во идниот период ќе бележи успеси и ќе има игра со која ќе ги задоволи бројните свои фанови“ рече Брдариќ
 

Најново во Фудбал