ШАМПИОНОТ СИ ЗАКАЖА ДВА „ДОМАШНИ" ТЕСТА

Шкендија ќе се „загрева" со Ренова и Македонија ЃП!

На 16 јануари во Тетово, првакот се среќава со „гипсарите", четири дена подоцна ќе ги одмери силите со „лавовите"

објавено: 12 јануари 2019 - 21:00

Шкендија пред заминување во Анталија, каде ќе одигра најмалку четири пријателски средби, ќе има и домашни „тестови". Шампионот на 16 јануари во контролен меч ќе се сретне со Ренова, додека на 20 јануари, ривал ќе биде екипата на Македонија ЃП, и двата меча се играат во Тетово. Сето тоа ќе биде „загревање" за момците на стратегот Ќатип Османи кои во Анталија ќе играат против Грасхоперс, Оренбург, Сент Полтен и др.

Со оглед на временските, односно поларни услови, кои владеат во Македонија, Шкендија и дефинитивно нема да оди во Охрид. До 22 јануари, за кога е закажано заминувањето во Анталија, ќе се подготвува во Тетово и тоа на теренот со вештачка трева на АМС под Шара. Колку и да паѓа снег, луѓето од клубот го чистат се со цел играчите и стручниот штаб да можат да работат во најдобри можно услови.

Најново во Фудбал