ТЕТОВСКИТЕ „ЦРВЕНО-ЦРНИ“ ГО ЗАБЕЛЕЖАА И 11. ТРИУМФ СЕЗОНАВА

Шкендија најавува нова титула, Бејтулаи и Емини ја „решија“ Победа! (ВИДЕО)

Барем во есенскиот дел избраниците на тренерот Ќатип Османи покажуваат дека и сезонава се едни од главните конкуренти за титулата во Првата македонска лига.

објавено: 25 ноември 2018 - 15:32

Денеска на гостински терен екипата на Шкендија дојде и до 11. триумф во шампионатот Шкендија против Победа (0:2). Головите од натпреварот Победа-Шкендија (0:2) можете да ги погледнете на видео записот. На табелата води Шкендија со 37 бодови, шест повеќе од второпласираниот Вардар.

Тетовци до новите три бода дојдоа благодарение на головите на Егзон Бејтулаи и Изаир Емини во текот на второто полувреме.

Најпрвин во 74. минута репрезентативниот бек Бејтулаи со глава ја затресе прилепската мрежа, а после една убава шанса на домаќините кои ја погодија стативата, казната веднаш стигна на спротивната страна преку Емини (88.).

Најново во Фудбал