АЛБАНСКИОТ ПРВАК ГО „КРАДЕ“ КАПИТЕНОТ

Шкендија останува без Буба: Хасани се договорил со Скендербег!?

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани ќе замине од Шкендија и ќе заврши во редовите на албанскиот првак Скендербег, пишува албански „Њуспорт“.

објавено: 27 јуни 2016 - 09:13

Тимот од Корча донесе неколку засилувања, а наредна желба на претседателот Ардијан Такај е главниот фудбалер на Шкендија и капитен на тимот кој зад себе има и меѓународно искуство. Според албанскиот медиум соработката меѓу двете страни е веќе договорена, а недостасува само официјалниот потпис и презентацијата.

Македонскиот репрезентативец за Шкендија настапуваше во два наврати - од 2008 до 2012, а потоа се врати во тимот во 2015 година. Покрај на тетовци, Хасани го носеше и дресот на германски Волфсбург и дански Брондби.

Ако си оди од Шкендија, Хасани многу веројатно ќе го направи тоа по квалификацискиот двомеч во Лига Европа против полска Краковија. Фудбалерот се наоѓа меѓу пријавените фудбалери на тетовци на интернет-страницата на УЕФА.

Најново во Фудбал