Имаше убави голови во Битола

Шкендија се распука, со ефектни голови му испрати порака на Пелистер (Видео)

Со ефектни голови Шкендија ја наполни мрежата на Пелистер и испрати јасна порака до битолчани да ја подготват куп круната за примопредавање. Денеска во Битола тетовци го декласираа Пелистер со 6:0 и подготвени го чектаа финалето на националниот куп против „зелено-белите“

објавено: 15 април 2018 - 19:24

Со ефектни голови Шкендија ја наполни мрежата на Пелистер и испрати јасна порака до битолчани да ја подготват куп круната за примопредавање. Денеска во Битола тетовци го декласираа Пелистер со 6:0 и подготвени го чектаа финалето на националниот куп против „зелено-белите".

Пелистер е бранител на трофејот во купот, но според денешната игра е далеку од одбрана на круната. Да се примат шест голови за нешто повеќе од еден час на домашен терен е катастрофално, а за битолчани остануваат нешто повеќе од еден месец драстично да ја поправат формата, ако сакаат повторно да ја надмудрат Шкендија во реприза од ланското финале.

Дотогаш и тие и сите фудбалски фанови можат да уживаат во убавите голови на Шкендија од денешниот меч во Битола.

Погледнете.

Најново во Фудбал