ОТКАКО СО „ПОМОШ“ НА ФИФА ГО ДОБИ СЕРТИФИКАТОТ

Шкендија со Фазли ќе ги напаѓа „пандевци“

И официјално Самир Фазли ќе може да игра за шампионот, откако ФИФА го разреши случајот со Рудеш, екс тимот на Фазли, во корист на фудбалерот.

објавено: 27 септември 2018 - 19:45

Самир Фазли и официјално од денеска е нов играч на Шкендија. Тоа значи дека тој ќе може да игра за шампионот уште на наредниот меч. А тој меч е со Академија Пандев, кој се игра во сабота во Турново во рамките од 8. Коло.

За потсетување Фазли имаше спор со Рудеш, неговиот некогашен клуб од каде дојде во Шкендија. Па така со „помош" на ФИФА, тој спор беше решен во корист на нашиот фудбалер. Потребниот сертификат е издаден и сега нема никаква пречка тој да му се стави на располагање на стратегот на тетовци Ќатип Османи.

Најново во Фудбал