РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКА „СВОИТЕ“

Шкендија со Муслиу без Вакили против Вардар

„Ова е големо дерби во нашето првенство, но Шкендија нема да има некаков посебен притисок. Имаме добра предност од 8 бодови и верувам дека со победа ќе бидеме многу блиску до титула“, изјави Ќатип Османи. 

објавено: 13 февруари 2018 - 14:21

Шкендија е подготвена за утрешното дерби против Вардар на стартот на пролетната полусезона. Тетовските „црвено-црни“ имаат осум бодови предност во однос на бранителот на титулата, позитива која влева дополнителна надеж дека шампионската круна годинва ќе се пресели во Тетово.

На утрешното дерби, тренерот Ќатип Османи ќе може да смета на Висар Муслиу, кој за првпат ќе игра против некогашниот тим, но не и на новото засилување Нигериецот, Алма Вакили.

„Ова е големо дерби во нашето првенство, но Шкендија нема да има некакив посебен притисок. Имаме добра предност од 8 бодови и верувам дека со победа ќе бидеме многу блиску до титула“, рече Ќатип Османи.

Тетово денеска е прекриен во снежна покривка од неколку сантиметри. Од таборот на Шкендија велат дека условите ќе бидат подеднакво тешки и за двата тима. 

„Снегот ќе ги отежни условите за игра, но ќе биде еднакво тешко и за нас и за Вардар. Имавме одлични подготовки и сега е време да продолжиме со добрите игри од првиот дел од шампионатот“.

 

Најново во Фудбал