РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ОДЛИЧНО СЕ РЕХАБИЛИТИРА

Шкендија со Радески ќе ги започне подготовките!

Офанзивецот на 4 јануари ќе се јави на прозивката како и сите други играчи на шампионот. Рехабилитацијата тече одлично, Радески ќе ги одработи зимските подготовки а во март ќе биде целосно фит за официјални мечеви.

објавено: 16 декември 2018 - 13:30

Добра вест за сите во Шкендија, но и за селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски. Имено Марјан Радески одлично се рехабилитира од повредата, односно операцијата на лигаментите и веќе на 4 јануари тој ќе се појави на собирот на шампионот како и сите останати играчи на Шкендија. Во целост ќе ги одработи зимските подготовки а во март, такви се очекувањата, одличниот напаѓач ќе биде целосно фит за официјални мечеви.

Се разбира дека, без разлика кој и да ја засили Шкендија во претстојниот преоден рок, најголемото засилување за шампионот и есенскиот првак ќе биде враќањето на Марјан Радески во екипата по пауза од неколку месеци. Поточно од јули кога на гостувањето кај ТНС во првото квалификациско коло во ЛЕ, тој се здоби со тешката повреда на лигаментите.

Инаку селекторот Ангелоски не крие дека со нетрпение го чека Радески во репрезентацијата, познато е тоа дека пред повредата офанзивецот беше стартер кај Мрме. Токму на време, пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Најново во Фудбал