Кикс на водечкиот тандем

Шкендија спаси реми со Победа, Пелистер не го проби обрачот на Скопје

Водечкиот тандем во Првата македонска лига, Шкендија и Пелистер кикснаа во четвртото коло и на домашен терен одиграа само нерешено, со Победа и Скопје 

објавено: 10 септември 2017 - 18:06

Водечкиот тандем во Првата македонска лига, Шкендија и Пелистер кикснаа во четвртото коло и на допмашен терен одиграа само нерешено, со Победа и Скопје. Шкупи со гол во финишот го победи Работнички, а славеше и Академија Пандев против Ренова.

Победа одигра одличен меч во Тетово, што го одбележаа пресврти. Прилепчани поведоа со голот на Филип Најдовски, но потоа Шкендија доминираше и поведе со 2:1 со головите на Изаир Емини и на Бесарт Ибраими од пенал. Во вториот дел пак имаше пресврт, сега во режија на гостите. Дејан Цветановски и Благојче Гешоски за само 240 секунди од 59. до 63. минута и донесоа предност на Победа до 3:2. И кога се чинеше дека лидерот Шкендија сензационално ќе загуби, Бесарт Абдурахими со гол во 87. минута спаси еден бод во ремито 3:3.

Иницијатива во Битола имаше Пелистер, но домаќините на најдоа чаре за да го скршат отпорот на Скопје. Мечот почна со протест на домашните фудбалери, кои седеа на тревникот на стадионот во Битола. Мечот сепак почна навреме, а Пелситер постојано напаѓаше, но без победнички концепт, па мечот заври без голови.

Шкупи со голот на Јашаровски во 90. минута го победи Работнички со 2:1, откако претходно Мбела беше прецизен за чаирчани, а Садики израмни на 1:1.

Академците на Пандев брзо се адаптираа на Првата лига и со 7 бода се третопласирани, по денешната победа над Ренова. Зоран Балдовалиев од пенал во 61. минута беше прецизен и обезбеди победа за струмичани.

Резултати 4. коло: Шкендија - Победа 3:3, Пелистер - Скопје 0:0, Академија Пандев - Ренова 1:0, Шкупи - Работнички 2.1.

Табела: Шкендија 10, Пелистер 8, Академија Пандев 7, Вардар (еден меч помалку) ио Силекс по 6, Шкупи и Победа по 4, Работнички, Скопје и Ренова по 2 бода.

 

Најново во Фудбал