ПОЗНАТ Е ТЕРМИНОТ ЗА ПРВИОТ МЕЧ НА ПРВАКОТ

Шкендија - ТНС: Играат на 10 јули на „Филип Втори" во 20.15 часот

*Според УЕФА се уште не се знае кој ден ќе се игра реваншот во Велс, 17 или 18 јули

објавено: 24 јуни 2018 - 11:54

Шкендија својата евро - одисеја во квалификациите во Лигата на Шампионите, ќе ја стартува на 10 јули (вторник), и тоа во Скопје на Националната Арена „Филип Втори".

Според УЕФА овој натпревар ќе започне во 20:15 часот. Од друга страна УЕФА се уште официјално не прецизирала кога, односно кој ден ќе се игра реваншот во Велс, дали на 17 или 18 јули?

Инаку за Шкендија ова ќе биде вкупно седми настап во Европа, а само втор во квалификациите во ЛШ.

Најново во Фудбал