Добри вести за чаирчани

Шкупи доби финансиска „инекција“ од 1,5 милиони денари

Екипата на Шкупи доби инвестиција од еден и пол милион денари од македонскиот бизнисмен Синан Јусуфи кој влегува во клубот.

објавено: 26 декември 2016 - 14:32

Екипата на Шкупи доби финансиската инјекција од еден и пол милион денари од македонскиот бизнисмен Синан Јусуфи кој влегува во клубот. 

"Фудбалскиот клуб Шкупи е срцето на секој граѓанин на Чаир и пошироко. Со години наназад го следам Шкупи и горд сум на сите достигнувања. Очигледно е дека во Македонија клубовите минуваат низ различни кризи, кои понекогаш може да се надминат, а понекогаш како резултат на тоа може да исчезнат. Љубовта, пријателство, лојалноста во најголем дел се покажува кога на некој му треба помош. Сакав ФК Шкупи да ги надмине тешките моменти, затоа одлучив да го направам овој мал чекор за овој скромен клуб. Ова го направив за доброто на младите луѓе, играчите, навивачите и општо како љубител на спортот. Се надевам дека овој гест ќе ги охрабри сите љубители на ФК Шкупи да придонесат и заедно да го прославаме успехот на меѓународната сцена“, рече Синан Јусуф.

Следна задача на раководството на клубот е да го официјализира името на тренерот кој ќе го предводи тимот во вториот дел од сезоната. Неофицијално на адресата на Шкупи стигнале голем број понуди од тренери од Албанија, Србија, но и од Македонија. Во игра влегува и Ардијан Нухији, кој ја доврши сезоната како ВД шеф на стручниот штаб, по заминувањето на Висар Ганиу.

 

Најново во Фудбал