Амар Биљали, младиот стопер кој пред извесно време играше за Работнички е ново име во редовите на Шкупи. Чаирчани попладнево се пофалија дека го ангажирале и Биљали, играч кој дојде од Теута (Албанија), кој му беше последен клуб. Инаку Биљали по Муарем Муарем е второто ново име во чаирскиот клуб во текот на овој трансферен период.
Покрај Муарем и Биљали најавени се уште неколку нови имиња, пред се од клубови од домашната сцена, како Вардар и Работнички пред се. Секако дека се чека и на промоција на Нијази Лена.
ЕДИС МАЛИЌИ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО КУКС
Досегашниот десен бек на чаирчани Едис Малиќи е нов член на Кукс од Албанија. Секако дека за овој трансфер е заслужен и спортскиот директор на Кукс Ндерим Неџипи, инаку легенда на клубот од Чаир.