Чаирчани ефикасни и единствени победија

Шкупи и напиша „петка“ на Академија Пандев

Реновираниот и засилен тим на Шкупи одлично ја почна пролетната сезона во домашното првенство и со 5:2 ја декласираше Академија Пандев, а во останатите два меча што завршија немаше победник. Дербито на 19. коло меѓу Шкендија и Вардар е во тек

објавено: 14 февруари 2018 - 15:54

Реновираниот и засилен тим на Шкупи одлично ја почна пролетната сезона во домашното првенство и со 5:2 ја декласираше Академија Пандев, а во останатите два меча што завршија немаше победник. Дербито на 19. коло меѓу Шкендија и Вардар е во тек, бидејќи почна со 20 минути задоцнување.

Фантастично деби во дресот на Шкупи денеска имаше Баже Илијоски. Со три гола до 22. минута, најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати блескаше, а можеше да постигне уште еден гол. Новиот шпиц на чаирчани промаши пенал во финишот на првиот дел, но сепак немаше опасност за домаќините. Убедливата победа од 5:2 со по еден гол ја зачинија Јашаровски и Стојковски, додека стрелци за струмичани беа Стоилов и Грифони.

Реми без голови одиграа Работнички и Ренова, а без победник заврши новото пелагониско дерби меѓу Победа и Пелистер. Играа на „Кукуш“ во Турново, а мечот заврши, 1:1. Поведоа битолчани кои беа условно гости, а стрелец беше Борче Маневски во 10. минута. Израмни новиот играч на Победа Зоран Даноски, само 120 секунди подоцна.

Најново во Фудбал