Дербито е на Борис Трајковски

Шкупи и Работнички во директна битка за европска виза

Шкупи и Работнички ќе го играат дербито на 22. коло за еден час, од 14 часот на стадионот „Борис Трајковски" во Маџари. Во дуел кој може да одлучува за излез на европската сцена

објавено: 4 март 2018 - 12:59

Шкупи и Работнички ќе го играат дербито на 22. коло за еден час, од 14 часот на стадионот „Борис Трајковски" во Маџари. Во дуел кој може да одлучува за излез на европската сцена.

Двете екипи сериозно се засилија пред стартот на пролетниот дел од шампионатот и имаат европски амбиции

Идентично размислуваат и струмичани, а Академија Пандев веќе го стави „Ад акта“ случајот со Шкендија и денеска во полн погон ќе се обидат да ја победат Ренова и да останат конкуренти за место во квалификациите за Европа Лигата.

Пелистер и Скопје ќе бијат тешка битка за опстанок, па бодовите во Битола вредат многу во обидот да се избегне преселбата во понизок ранг.

Шампионот Вардар ќе игра со младинци против Силекс, што е шанса за кратовци со победа да ја задржат пол-позицијата за третото место на табелата и директен настап во квалификациите за Европа Лигата.

Најново во Фудбал