ЧАИРЧАНИ ПРЕГОВАРААТ СО ОДЛИЧНИОТ ДЕСЕН БЕК

Шкупи и Силјановски пред договор!

Големи се шансите Горан Силјановски - Шаро, во текот на следните денови да стави потпис за Шкупи.

објавено: 4 јуни 2018 - 10:25

Горан Силјановски - Шаро најверојатно ќе биде едно од најголемите летни засилувања во тимот на Шкупи. Како што „Спорт" дознава, искусниот десен бек кој минатата сезона ја мина во Фљамуртари (Албанија), има понуда од страна на челниците на клубот од Чаир со цел да потпише договор.

Дека на него се смета можеби најголем доказ е тоа што со досегашниот десен бек Едис Малиќи, чаирчани не го продолжија договорот. Покрај Лена, Блажевски, Серџио, Алексовски, Горан Силјановски секако дека ќе биде големо засилување во тимот на стратегот Зекирија Рамадан.

Кога сме кај Силјановски да споменеме дека тој досега во својата долга и успешна кариера има настапувано и за Тетекс, Македонија ЃП, Вардар, Ренова, Работнички и Фљамуртари.

Сепак и не е само Шкупи во плановите на Силјановски, за неговите услуги биле заинтересирани и два клуба од Албанија но и од Македонија.

Најново во Фудбал