Чаирчани се екипираат

Шкупи ќе биде уште посилен, Типуриќ, Чан и Кочовски почнаа со тренинзи

Шкупи одлично го почна вториот дел од сезоната, со убедлив триумф против Академија Пандев од 5:2, а чаирчани ќе бидат уште посилни за дербито задутре против Шкендија во Скопје

објавено: 16 февруари 2018 - 08:00

Шкупи одлично го почна вториот дел од сезоната, со убедлив триумф против Академија Пандев од 5:2, а чаирчани ќе бидат уште посилни за дербито задутре против Шкендија во Скопје.

На тренинг се приклучија последните засилувања во зимскиот преоден рок, Тони Типуриќ, Емре Чан и Валентин Кочовски. Дали ќе конкурираат за место во првиот состав за дуелот со лидерот Шкендија ќе одлучи тренерот Ардијан Нухиу.

Во тренажен процес е и искусниот Стефан Вујчиќ, но тој ќе почека за деби во дресот на Шкупи и нема да игра во недела против својот претходен клуб Шкендија.

Најново во Фудбал